Во Атлетико Мадрид се незадоволни од судењето во натпреварот против Лил, натпревар кој го загубија со 1:3, иако на паузата имаа водство со 1:0.
Но, во шпанскиот тим и имаат право да бидат незадоволни затоа што на никој не му е јасно зошто судијата на теренот и ВАР собата досудија најстрога казна.
Главниот судија на теренот досуди најстрога казна поради играње со рака, меѓутоа на забавената снимка се гледа дека со рака игра фудбалерот на Лил. Посебно е зачудувачки што немаше реакција од ВАР собата каде што може да се прегледаат снимките.
„Не знам што судијата виде и зошто досуди пенал. На никој не му е јасно, но ова не беше пенал. За жал моравме порано да го решиме натпреварот“, изјави голманот на Атлетико, Јан Облак по натпреварот.