Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан нема да се пресели во Саудиска Арабија, тврди поранешниот фудбалер и пријател на Зидан, Кристоф Дигари.
Во претходните денови се појави информација дека Зидан би можел да го наследи Роберто Манчини ако Италијанецот добие отказ на клупата, но тоа изгледа нема да се случи.
„Зизу нема да оди во Саудиска Арабија. Ако сакаше одамна ќе беше таму“, изјави Дигари и додаде дека Зидан не сака да ја потврдува или демантира веста затоа што е повлечен и живее мирен живот.
Неодамна Зидан самиот потврди дека не брза во пронаоѓањето на нов ангажман.
„Веќе поминаа три години откако не сум тренер на Реал Мадрид. Бев играч, бев и тренер, но денес сакам некои други работи. Уживам во својот живот, чувам деца и внуци бидејќи неодамна станав и дедо, тоа ми е најважно и не се брзам“, изјави Зидан.
Претходно Зидан се поврзуваше и со клупата на Манчестер Јунајтед.