Симеоне претпазлив пред Лил: Го победија Реал, играат атрактивно…

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико Мадрид мора да пронајдат сили за да го надминат поразот од Бенфика (4-0) во Лигата на шампионите, а сега одат на мегдан со Лил.

Францускиот тим го победи Реал во минатото коло и тоа е доволна опомена за Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико повика на претпазливост во пресрет на дуелот со „догите“.

Лил е тим кој игра доста добро, резултатите зборуваат за квалитетот. Го победија Реал, добри се во Лига 1, загубија во Лисабон но одиграа храбро, атрактивно и како тим. Не можам да замислам ништо друго против нас, освен тоа што го видов на снимките“, изјави Симеоне.

Средбата на „Ванда Метрополитано“ се игра вечерва во 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани