Раководството на шпанската фудбалска лига побарало од Меѓународната фудбалска организација ФИФА првенствениот натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид во декември да се игра во Мајами.
Тоа би било првпат натпревар од шпанската Примера да се игра во САД, но конечната одлука ќе ја има ФИФА.
Натпреварот на програмата е на 22 декември пред зимската пауза во шпанското првенство.
Атлетико и Барселона ќе играат во јануари во Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија. ФИФА во април се повлече од правно осопрување на водечкиот промотер Релевенто кој настојува да има организација на првенствени натпревари во Шпанија.
Светската куќа на фудбалот потоа во мај објави дека ќе разгледа можност за одигрување на лигашки натпревари во странство.