99
Фудбалерите на Вардар за два дена ги очекува натпреварот во Купот на Македонија против Тиквеш на Арената „Тодор Проески“, а влезот за овој натпревар ќе биде бесплатен.
Од Вардар информираа дека по повод 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба влезот ќе биде бесплатен за сите навивачите.
Натпреварот се игра од 14:00 часот, додека вратите на стадионот се отвораат во 12:00.