Килијан Мбапе седнал на разговор со Карло Анчелоти по случувањата во Стокхолм и обвинувањата за силување, напаѓачот го известил тренерот дека е фокусиран само на фудбал и со нетрпение чека да игра во сабота.
За време на репрезентативната пауза, Реал Мадрид му даде неколку слободни денови на Килијан Мбапе, а напаѓачот реши да ја искористи оваа прлика за посета на Шведска.
Сепак, овој потег му се удри од глава, напаѓачот изминативе денови е во центарот на вниманието поради обвинувања за силување и сексуален напад.
Низ медиумите секој ден има најразлични стории за тоа што се случило спорната вечер во Стокхолм, а гласините не престануваат и покрај тоа што адвокатите на Килијан Мбапе се заканија со тужби.
Во Реал Мадрид се загрижени од целата ситуација, а последните информации велат дека Килијан Мбапе веќе седнал на разговор со Карло Анчелоти.
Французинот сакал лично да ја каже својата страна на приказната и да објасни дека обвинувањата не се основани.
Тој исто така порачал: „Тренеру, се чувствувам навистина добро и со нетрпение чекам да играм во сабота… Мојот фокус е само на фудбалот, не ме интересира што пишуваат медиумите“.