127
Одлуката на ФА да го именува Томас Тухел за нов селектор на Англија е добредојдена во Минхен, Баварците ќе заштедат околу 5 милиони евра.
Томас Тухел денеска беше промовиран како нов предводник на „трите лава“, стратегот ќе почне со работа на 1. јануари и ќе биде на чело на репрезентацијата на Англија до крајот на СП 2026.
Овие вести се добредојдени во Минхен, Баерн ќе заштеди милионска сума.
Имено, Томас Тухел по отказот од Баерн остана на платен список на „Алианц Арена“ и за сезоната 2024/2025 му следува плата од 10 милиони евра.
Па со оглед на тоа дека ќе го напушти клубов на почетокот од следната година, Баерн Минхен ќе заштеди половина од оваа сума, односно 5 милиони евра.