Менди открива кои тројца играчи на Манчестер Сити му позајмиле пари за да го издржува семејството

by bojan
2 минути читање

Бенжамин Менди откри дека тројца фудбалери на Манчестер Сити му помогнале за време на судскиот процес и обвинувањата за силување, пари му позајмиле Бернардо Силва, Ријад Марез и Рахим Стерлинг.

Бенжамин Менди во 2021 се најде во сериозни проблеми откако против него беше покренато обвинение за силување и сексуален напад.

По две години правна битка, Французинот во 2023 беше ослободен по сите обвинувања.

Во разговор со Телеграф, левиот бек сега се пожали од третманот кој го добил од Манчестер Сити, и објасни дека на лудите секс забави присуствувале и други фудбалери на „граѓаните“, но на крајот само тој бил понижен.

И додека клубот му го свртел грбот, тројца играчи му се нашле кога му било најтешко и му помогнале.

„Имав сериозни финансиски потешкотии, не можев да го издржувам семејството, се чувствував ужасно. Стерлинг, Бернардо Силва и Марез ми позајмија пари и ми помогнаа да ги платам правните трошоци и да го издржувам семејството“ – открива Бенжамин Менди.

Кога обвинителството покрена постапка против Французинот, Манчестер Сити веќе следниот месец му ја „замрзна“ платата.

Па откако Бенжамин Менди ја докажа својата невиност, испрати тужба до актуелниот шампион на Англија и бара надомест од 13 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани