200
Некогашниот фудбалер на Манчестер Сити, Бенџамин Менди кој беше обвинет за силување, но успеа да докаже дека е невин сега ги нападна поранешните соиграчи.
Долго време Французинот се обидуваше да ја докаже невиноста и правда бараше две години, затворска казна успеа да избегне, меѓутоа сето тоа влијаеше на неговата кариера.
Сега ги критикуваше поранешните колеги.
„Неколку фудбалери на Манчестер Сити, меѓу кои и капитенот беа со мене на забавите. Сите заедно пиевме алкохол, имавме односи со жени и ги прекршивме рестрикциите за ковид-19. Секако дека тоа не го оправдува моето однесување, но не е фер што Манчестер Сити ме обвини само мене. Разликата е во тоа што само јас бев понижен“, изјави Менди.