Нигерија одбива да игра против Либија, чекале дури 13 часа на аеродром без вода и храна

by bojan
8 минути читање
Нигерија

Фудбалерите на Нигерија соопштија дека нема да играат против Либија во рамките на квалификацитие за Ариканскиот куп на нации, откако биле оставени да чекаат дури 13 часа на аеродром и тоа без вода и храна.

Либија и Нигерија утре треба да ги одмерат силите во рамките на 4. коло во квалификациите за Африканскиот куп на нации, но натпреварчот по се изгледа нема да се одигра.

Популарните „супер орли“ решиле да се вратат дома откако биле оставени да чекаат дури 13 часа на аеродром, и тоа без вода и храна.

„Како капитен, заедно со тимот одлучивме дека нема да играме. Побаравме од владата на Нигерија да интервенира и да не спаси. Сум искусил многу работи при настапите во Африка, но ова е срамно однесување“ – гласеше пораката на капитенот Трост Еконг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани