Новинарот на „Индепендент“, Мигуел Диленеј тврди дека преговорите на Томас Тухел со англиската репрезентација се само тактичка игра на неговите агенти.
Наводно целта на Тухел е да стане тренер на Манчестер јунајтед, но тие никако да му дадат отказ на Ерик тен Хаг и покрај тоа што Холанѓанецот ги урна сите можни негативни рекорди. Дури почна да ги руши и своите негативни рекорди поставени лани.
Тухел од јуни е во контакт со Јунајтед, но клубот никако да го направи клучниот потег и да го ангажира.
Во меѓувреме Германецот почна преговори за нов селектор на Англија.
Според „Индепендент“, агентите на Тухел се одлучиле за ваков потег со цел да изнудат реакција од Манчестер јунајтед и тие да се вклучат во трката по Германецот, па тој да избира дали ќе отиде во репрезентативниот или ќе остане во клупскиот фудбал.