Новинарот Кристијан Флик објави дека Томас Тухел почнал преовори да стане селектор на Англија, стратегот изминатиов период се посочуваше како еден од главните кандидати за наследник на Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед.
Еден ден по шокантниот пораз од Грција на Вембли, се појави информација дека „трите лава“ во скоро време можат да назначат нов селектор.
Како што пренесе новинарот Кристијан Флик, Томас Тухел почнал преговори да седне на столчето на репрезентацијата на Англија.
Германецот со денови е дел од шпекулациите, и се посочуваше како еден главните кандидати за наследник на Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед.
Останува да се види каква ќе биде иднината на стратегот, кој е без работа откако се раздели со Баерн Минхен по крајот на сезоната 2023/24.