97
Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака поради повреда го напушти мечот со Грција во 52. минута.
Во претходната репрезентативна пауза се повреди Одегард, а сега Сака. Арсенал нема среќа кога фудбалерите играат за своите селекции
Сака почувствувал болка во десната нога и не можел да го продолжи мечот. Но првичните прогнози велат дека повредата не е сериозна.
Во едната варијанта тој би можел да паузира од 1 до 7 дена, а во другата од 1 до 3 недели.
Се очекува тој сигурно да го пропушти следниот меч за Англија, но фановите на Арсенал се надеваат дека нема да пропушти и меч на топчиите во Премиерлигата.