Манчестер Сити синоќа издвојува важна правна битка против Премиерлигата, а еден детаљ од тужбата може да им направи доста проблеми на ривалите, најпогоден е Арсенал.
„Граѓаните“ ги оспорија правилата на Премиерлигата за „Трансакции помеѓу поврзани страни“, независен панел одлучи дека тие се противзаконски.
Но еден друг детаљ од тужбата на Манчестер Сити може да им направи доста проблеми на ривалите.
Клубот од Етихад спореше дека заемите кои сопствениците/акционерите ги даваат на клубовите, треба да се третираат на ист начин како и спонзорските договори кои доаѓаат од компании поврзани со сопствениците.
Овие заеми најчесто доаѓаат без камата и со флексибилни рокови за враќање, па Манчестер Сити смета дека и за нив треба да важи правилото „по фер цена“ и да се пресметува соодветна камата, која ќе биде трошок и ќе влегува во правилата за Финансиски фер плеј.
Во моментов половина клубови од Премирлигата имаат вакви заеми од сопствениците/акционерите, а при врвот на оваа листата е Арсенал, кој има ваков заем од околу 259 милиони фунти.