Раководството на Манчестер јунајтед сериозно размислува за тренерска смена, а прв кандидат на листата за нов тренер е германскиот стратег, Томас Тухел.
Ерик тен Хаг го потроши целиот кредит кој го доби од управата на Јунајтед. Под негово водство клубот го има најлошиот старт во својата историја во Премиерлигата. Притисокот врз Холанѓанецот станува огромен и само прашање на време е кога ќе добие отказ.
Тен Хаг доби најголема поддршка од сите тренери во пост Фергусон ерата, доби и огромни пари за засилувања и време кога резултатите и игрите беа под секое ниво.
Но, секое трпение има крај, па така и ова. Последните информации велат дека Манчестер јунајтед планира тренерска смена наскоро, а прв кандидат е Томас Тухел.
Со Германецот било контактирано уште во јуни кога раководството се двоумеше дали да му даде отказ на Тен Хаг.
Контактите меѓу двете страни останеле, а тоа што не се случи во јуни, би можело да се случи оваа есен.
Томас Тухел е слободен тренер по заминувањето од Баерн Минхен. Тој добро ја познава Премиерлигата од времето поминато во Челси.