Што се случува со Џуд Белингам?

by Стефан
1 минути читање

Џуд Белингам играше одлично во дресот на Реал Мадрид минатата сезона и беше еден од најзаслужните за титулите на Реал Мадрид во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Иако игра во средината, Белингам сезоната ја заврши со 23 постигнати гола во сите натпреварувања и долго време беше најдобар стрелец, а на крајот само Винисиус ја заврши сезоната со повеќе постигнати голови.

Но, сезонава со доаѓањето на Килијан Мбапе во тимот како неговото влијание да се намали.

Англискиот репрезентативец се уште го чека првиот гол. Последниот гол Белингам го постигна на 14 мај и тоа значи дека пет месеци не успеал да се запише во листата на стрелци.

Во тие пет месеци имаше летна пауза и беше повреден, но сепак одигра 11 натпревари, седум беа во Ла Лига. За споредба минатата сезона немаше повеќе од три натпревари без гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани