Дидје Дешам и неговите соработници од репрезентацијата на Франција се збунети откако Килијан Мбапе доби повик од Реал Мадрид за натпреварот против Виљарел.
Прва тензија на релација Франција-Реал Мадрид, „триколорите“ не се задоволни од начинот на кој била изменаџирана ситуацијата на Килијан Мбапе по повредата која напаѓачот ја заработи против Алавес на 24. септември.
Во прв момент се говореше дека Килијан Мбапе ќе паузира три недели, но тој се врати во тимот по само 8 дена и влезе од клупата против Лил во Лигата на шампионите.
Сепак, тој чувствувал одредена неугност во бутниот мускул, па техничкиот и медицинскиот персонал на Франција предводен од Дидје Дешам, одлучил да не го повикаат Килијан Мбапе и да го остават во Мадрид целосно да се опорави од повредата.
Но тие сега се збунети од одлуката на „кралевите“ да го вметнат Килијан Мбапе во тимот за пресметката со Виљареал.
Па „триколорите“ на еден начин се чувствуваат измамени, и особено боли тоа што ова се случува со нивниот капитен.
Во меѓувреме, легендарниот Патрис Евра ја коментираше целата ситуација и рече: „Ако го повиката Мбапе и тој се повреди, ова е најдобриот начин да го уништите односот со Флорентино Перез. Реал Мадрид не е ПСЖ, не можете да превземете ваков ризик“.