137
Според последните најави Светската фудбалска федерација (ФИФА) има намера да направи промена и да воведе трет преоден рок кој би бил отворен само десет дена.
Овој преоден рок би траел од 1 до 10 јуни и најмногу ќе биде наменет за екипите кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство да се засилат.
Светското клупско првенство во новиот формат ќе се игра од 15 јуни до 13 јули, а клубовите пред него би можеле да ангажираат нови засилувања кои ќе бидат достапни веднаш за турнирот.