Луис Енрике имал жестока расправија со Дембеле, напаѓачот е исфрлен од тимот

by bojan
1 минути читање
Дембеле

Медиумите од Франција пренесуваат дека тренерот на ПСЖ, Луис Енрике имал расправија со Осман Дембеле по натпреварот против Рен, па наѓачот е исфрлен од тимот за натпреварот против Арсенал во Лигата на шампиони.

Проблеми во соблекувалната на ПСЖ, Осман Дембеле е исфрлен од тимот и нема да настапи против Арсенал поради дисциплински причини.

Како што пренесуваат медиумите од Франција, тренерот Луис Енрике имал жестока расправија со напаѓачот по натпреварот против Рен во петокот.

Осман Дембеле оваа сезона се наметна како еден од главните играчи на „светците“ и до сега забележа 4 погодоци и 3 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани