Новинарот Кристобал Сорија потсети како Карлес Пујол се справил во една слична ситуација како синоќешната кога голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се пожали дека биле фрлени предмети од публиката.
Синоќешното дерби помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид беше прекинато на средината од второто полувреме. По голот на Милитао за водство на „кралевите“, домашните навивачи реагираа на начинот на кој Тибо Куртоа славеше, па на теренот беа фрлени неколку предмети.
По овој инцидент, судијата реши да ги испрати фудбалерите во соблекувална и побара да се смират страстите.
По петнаесетина минути пауза, играчите се вратија на теренот и продолжија со битката, во судиското надополнување, Кореа погоди за 1-1 и огромна радост на домаќините.
Инцидентот беше главна тема по крајот на натпреварот и утрово, и додека има обвинувања кој бил виновен, новинарот Кристобал Сорија потсети како Карлес Пујол се справил при една слична ситуација.
На дербито помеѓу Реал Мадрид и Барселона, Жерард Пике тргна да се жали дека од публиката бил фрлен предмет, а капитенот на „каталонците“ наместо да „тужака“ кај судијата, го зема предметото од рацете на својот соиграч, го фрли на страна и му порача да продолжи да игра.
Gracias Carles Puyol por esta lección magistral sobre un terreno de juego…!!! pic.twitter.com/Ebz1598ugT
— Cristóbal Soria (@cristobalsoria) September 29, 2024