Дербито на осмото коло во ПМФЛ се игра на „Градскиот стадион“ во Тетово, каде што Шкендија го дочекува скопски Вардар.
Иако во минатите години тетовчани се доминантни во меѓусебните пресметки, секогаш е интересно кога ќе се судрат овие две екипи. Вардар чека на победа против ривалот од 2017 година, кога во Скопје беше 4-2, а неколку месеци претходно во Купот славеа и во Тетово. Сепак, потоа вардарци западнаа во проблеми и Шкендија победуваше во дерби пресметките. Последниот меѓусебен дуел во март годинава заврши со реми во Скопје, а две седмици претходно Шкендија со 3-0 слави во Тетово.
Интересно се очекува да биде и во Струмица, каде што Брера ќе го дочека битолски Пелистер. Дерби ќе се игра и крај Охридското езеро, бидејќи Струга Трим Љум е домаќин на Гостивар, а се игра и мало скопско дерби меѓу Работнички и Шкупи.
- Натпревари од осмото коло во ПМФЛ:
Шкендија – Вардар
Струга – Гостивар
Брера – Пелистер
Работнички – Шкупи
Беса – Воска Спорт
Тиквеш – Силекс
Сите натпревари од овој викенд ќе се играат во термините од 14:00 часот.