Манчестер јунајтед веќе подготвил отказ за Тен Хаг, во потрaга се по нов тренер!?

by riste
1 минути читање

Дел од англиските медиуми пишуваат дека деновите на Ерик тен Хаг на клупата на Манчестер јунајтед се избројани и само прашање на време е кога ќе добие отказ.

Се очекуваше дека Манчестер јунајтед ќе се раздели со Холанѓанецот уште по крајот на минатата сезона, но клубот реши да му даде уште една шанса.

Работите не се променија, Јунајтед е на исто ниво како и претходно, полн со разочарувачки настапи и резултати за своите фанови.

Од клубот веќе ја почнале потрагата по негов наследник и наскоро би требало да му врачат отказ. Ова го тврдат англиските медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани