77
Севиља со 2-1 го победи Ваљадолид благодарение на гол на Еџуке во 85. минута, Валенсија и Осасуна одиграа 0-0, Димитриевски беше на клупата за резерви.
Андалузискиот тим поведе пред самиот крај на првото полувреме со автогол на Торес.
По десетина минути игра во вториот дел Ваљадолид го изедначи резултатот на 1-1 благодарение на гол на Перез.
Тој резултат беше актуелен до 85. минута кога Еџуке постигна гол за водство и победа на Севиља од 2-1.
На Местаља немаше голови, мечот меѓу Валенсија и Осасуна заврши 0-0.