Tрагедија во Аргентина: 12-годишно дете починало по голот на Бока кој беше поништен

by Стефан
1 минути читање

Бока и Ривер викендов го одиграа познатото „Суперкласико“ кое заврши со победа на Ривер на гостински терен од 0:1, но од Аргентина пристигнуваа и информации за трагедија која се случила за време на дербито.

Наводно, дете од 12 години го загубило животот при прославата на голот на Бока кој некоја минута подоцна беше поништен.

Според информациите детето во моментите кога Бока го постигнала голот се качило на својата куќа, но за жал го удрило стрја. Кога брзата помош пристигнала на местото на несреќата веќе било доцна.

Голот кој се покажа како причина за оваа трагедија кратко донесе воодушевуање помеѓу навивачите, но беше поништен по прегледувањето на ВАР снимката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани