Силва брутално распали по „валканиот“ Арсенал: Затоа Ливерпул ја освои Премиерлигата, а вие НЕ!

by bojan
2 минути читање
Арсенал, Манчестер Сити

Бернардо Силва брутално распали по Арсенал по ремито од 2-2 на Етихад, вели дека „топчиите“ користеле валкани трикови за да стигнат до добар резултат.

Арсенал синоќа беше на чекор до победа на Етихад, прва по 2015 година, но примија гол во 98. минута и не успеаја да издржат до крај.

„Топчиите“ цело второ полувреме го играа со играч помалку, се бранеа со ниско поставена одбрана, па не бираа средства како да ја неутрализираат играта на противникот, и често имаше гостински играчи на тревата како се жалат на грчеви или повреда.

Ваквиот пристап не им се допадна на „граѓаните“, а најжесток во реакцијата беше Бернардо Силва.

„Имаше само еден тим кој денеска сакаше да игра фудбал. Другиот тим се обидуваше да игра на границата на она што е дозволено, и за жал судијата ги толерираше“ – вели Португалцот.

„Случувањата почнаа уште од првата минута, веднаш знаевме што ќе се случи. Родри се повреди откако два пати го соборија на земја во 10 минути. Примивме гол откако судијата го повика на разговр нашиот капитен и не му дадоа доволно време да се врати на позиција“.

„Вториот гол го постигнаа со нивната вообичаена тактика да го блокираат голманот, и судијата им го дозволува ова“.

„Но најмогу ми пречи тоа што судијата им дозволи да трошат време. Пред почетокот на сезоната одржавме еден куп состаноци со ФА, ни кажуваат дека ќе ги спречат ваквите сцени, но на крајот ништо не се случува“.

Бернардо Силва потоа брутално распали: „Можеби затоа Ливерпул веќе ја освои Премиерлигата, а Арсенал не. Затоа Ливерпул ја освои Лигата на шампиони, а Арсенал не.“

„Ливерпул секогаш кога игра против нас се обидува да победи, а Арсенал се брани и троши време“.

„Па да, веројатно ривалството е различнo“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани