145
Српските медиуми открија сензационална вест, а поврзана е со тренерското столче на Динамо Загреб.
Се шпекулира дека на хрватскиот клуб му е понуден српскиот стратег Александар Јанковиќ. Се работи за тренер кој моментално е невработен, а во минатото водеше повеќе клубови.
Тој во два наврати беше тренер на Црвена Звезда, потоа имаше авантури и во белгиските Локерен, Мехелен и Стандард, а беше и селектор на репрезентацијата на Кина. Резимето на Јанковиќ не е воопшто лошо и можеби би се снашол добро како тренер на Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Сепак, управата на Динамо Загреб иако е заинтригирана за опцијата, мора да ја има на ум и реакцијата на јавноста поради меѓуетничката тензија на Србија и Хрватска.