175
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел Томас вчера бил уапсен во Шкотска поради шверц на 60 килограми канабис од Тајланд.
33 годишниот Џеј Емануел Томас, кој помина една деценија во школата на Арсенал и уште три години во првиот тим, има сериозни проблеми со властите во Велика Британија.
Службеници на Националната агенција за криминал синоќа го уапсиле фудбалерот под сомнение дека организирал шверц на 60 килограми канабис.
На 2. септември, полицијата ја запленила дрогата на аеродромот Стенстед во Лондон, била спакувана во два куфери кои пристигнале од Тајланд.
Во прв момент биле уапсени две жени, а вчера зад решетки завршил и Џеј Емануел Томас, кој денеска ќе биде изведен пред суд.