111
Ал Наср нема да може да смета на Кристијано Роналдо за стартот на азиската Лига на шампионите каде што овој тим ќе игра против Ал Шорта од Ирак.
Саудискиот клуб преку соопштение потврди дека Роналдо не се чувствува добро и поради тоа воопшто не допатувал на гостувањето.
Клупскиот доктор предложил Роналдо да одмора, а тоа на крајот било прифатено и од тренерот.
Натпреварот против Ал Шорта, Ал Наср го игра денес од 18:00 часот.