Првата македонска фудбалска лига се враќа на програмата по двонеделна пауза поради репрезенативните обврски.
Дербито на петтото коло во прволигашката конкуренција се игра на стадионот „Чаир“ во истоимената скопска населба, каде што Шкупи ќе го дочека ривалот Шкендија. Лидерот од Тетово доаѓа по бодовите против екипата која имаше турбулентен старт на сезоната. Сепак, Шкупи пред своите навивачи против секој противник е барем благ фаворит.
Интересно ќе биде во Маџари, бидејќи Гостивар на стадионот „Борис Трајковски“ ќе биде номинален домаќин на Вардар. Тимот од Гостивар во соработка со ФФМ донесе одлука средбата да се игра пред празни трибини, меѓутоа „Комити“ најавија дека дојдат на стадионот и никој нема да ги запре да го поддржат Вардар. За „црвено-црните“ на клупата ќе дебитира Срѓан Захариевски, а бодовите се круцијални за неговиот тим…
Тренерско деби ќе има и Горазд Михајлов во Брера на домашниот дуел со Беса, пелистерци ќе го дочекаат шампионот, Работнички е домаќин на Тиквеш, а Силекс гостува кај Воска.
- Натпревари од петтото коло во ПМФЛ:
Брера – Беса
Гостивар – Вардар
Пелистер – Струга
Работнички – Тиквеш
Шкупи – Шкендија
Воска Спорт – Силекс
Сите натпревари се на програмата во 15:00 часот.