Познато име во Бугарија: Легенда на Лидс ќе игра за ЦСКА Софија

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на ЦСКА Софија од Бугарија во своите редови го доведе шкотскиот фудбалер, Лиам Купер.

Станува збор за фудбалер кој е роден во Англија и играше за Хал Сити, Честерфилд, Карлајл и Лидс каде што остави најдлабока трага.

Дресот на Лидс го носеше од 2014 до 2024 година и за овој клуб одигра 284 натпревари. Во ЦСКА Софија пристигнува како слободен играч и тој е еден од 12. засилувања кои ги доведе овој клуб летово.

Медиумите на Островот пренесуваат дека неговата плата ќе изнесува 750.000 евра годишно. Зад себе Купер има 12 настапи за репрезентацијата на Шкотска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани