117
Фудбалерите на Шпанија одиграа нерешени 0-0 против Србија во Белград, на стартот на циклусот во Лигата на нациите.
Освен што испуштија два бода, Шпанците добија дополнителен удар на „Рајко Митиќ“. Повреда поради која мораше порано да го напушти теренот доби напаѓачот Микел Ојарзабал. Асот на Реал Сосиедад по мечот беше забележан како на патерици го напушта стадионот и се упатува кон автобусот.
Ова е удар повеќе за Луис де ла Фуенте, бидејќи на овој собир го нема и Алваро Мората, па селекторот остана без двете стартни имиња во нападот.
Sale en muletas @mikel10oyar ojalá no sea mucho pic.twitter.com/a92vSMijSG
— Javier Herráez (@javiherraez) September 5, 2024