243
Италијанскиот фудбалер го напушта Сандерленд откако клубот не успеа да остане во Премиерлигата, се поврзуваше со Лацио, но ќе заврши во Милан.
Според Газета дело Спорт, двата клуба постигнале договор, а фудбалерот утре ќе биде во Милано на медицински тестови пред да потпише договор со росонерите.
Се очекува трансферот да изнесува 6 милиони евра.
Покрај Сандерленд, Борини играше и за Челси, Рома и Ливерпул, но досега не успеа да го исполни својот потенцијал.