Италијанските медиуми пренесуваат: Интер решително тргнува во мисијата „Ди Мариа“

by
1 минути читање

Подолг период се
пишува на оваа тема, но сега се чини дека е се поизвесно дека тимот од Милано
нема да се штеди во своите редови да го доведе Аргентинецот чиј договор со ПСЖ
истекува за две години.

Токму фактот што
Анхел Ди Мариа има важечки договор со францускиот вицешампион до 2019. Година можеби
ќе биде мал проблем за Интер, но челниците на калчолигашот се убедени дека
токму Ди Мариа е фудбалерот кој може да биде супер засилување ова лето и од
него се очекува да направи големи промени во играта на тимот чиј тренер во
новата сезона ќе биде Лучијано Спалети.

Италијанските
медиуми пренесуваат дека висината на евентуалниот трансфер на Ди Мариа во Интер
не би била поголема од 50 милиони евра, но тимот од Милано ќе има полни раце
работа околу договарање на личните услови на фудбалерот кој во ПСЖ заработува
11 милиони евра на годишно ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани