210
Тажни денови за Жозе Мурињо, тренерот на Манчестер јунајтед се врати во својата земја за да присуствува на погребот на татко му кој во неделата ја загуби битката со болеста и почина.
Стотици граѓани на Сетубал беа присутни на погребот, а Мурињо го носеше ковчегот кој беше покриен со знамињата на два клуба за кои играше Феликс, Виторија Сетубал и Белененсес.


