Фудбалер на Валенсија заврши зад решетки, две девојки го пријавиле за сексуален напад

by bojan
1 минути читање
Рафа Мир

Напаѓачот на Валенсија, Рафа Мир заврши зад решетки откако две девојки го пријавиле во полиција за сексуален напад.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Рафа Мир бил уапсен вчера во вечерните часови и во текот на денот треба да биде изнесен пред судија.

Инцидентот се случил изминатиов викенд, во раните утрински часови во неделата.

Рафа Мир е обвинет од две девојки (една на возраст од 25 години, друга на возраст 21 година) дека извршил сексуален напад, на приватна забава која била организирана во неговиот дом.

Се говори дека е уапсено уште едно лице, пријател на фудбалерот на Валенсија.

Двете девојки по инцидентот побарале лекарска помош во болница, извештајот со повредите е додаден во пријавата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани