169
Осогово го назначи Горанчо Георгиев за нов тренер на првиот тим, тој доаѓа на местото на Добринко Илиевски кој доби отказ поради лошиот старт на сезоната.
Георгиев како фудбалер има играно за Осогово, а го носеше дресот и на Силекс, Работнички, Шкендија, Брегалница и Победа. Има настапи и за македонската репрезентација.
Тој како тренер на Осогово ќе дебитира во сабота кога кочанскиот тим ќе одигра пријателски натпревар против Брера во Струмица.