Илкај Гундоган по само една сезона во Барселона, експресно замина од клубот. Иако минатото лето бесплатно го засили клубот од Каталонија, само една година подоцна исто така бесплатно се врати во Манчестер Сити.
Тоа дојде како изненадување за навивачите, бидејќи Гундоган беше еден од најстандардните играчи во тимот на Чави. Сепак, Барса се реши за промени, го доведе Ханси Флик и се засили со Дани Олмо.
Токму доаѓањето на шпанскиот репрезентативец е веројатно главната причина за заминувањето на германскиот ас. Првиот човек на клубот Жоан Лапорта доби прашање и зборуваше за причините за заминувањето.
„Зошто Гундоган замина од Барселона?
Одлуката беше донесена само и исклучиво од спортски причини. По потписот со Дани Олмо, улогата на Гундоган не беше јасна. Тие играат на многу слична позиција. Инаку, тој е одличен фудбалер и личност“, изјави Лапортат.
Гундоган експресно се врати во Сити, а Дани Олмо ќе биде засилување за Барселона.