Пристигна новото засилување за Рома

by
1 минути читање

Карсдорп
пристигнува од редовите на холанскиот шампион Феенорд, младиот фудбалер беше
значајна карика во тимот на Џовани ван Бронкхорст изминатата сезона и во голема
мера му помогна на тимот од Ротердам да ја освои титулата во Холандија по
подолг период.

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Рома за услугите на
Карсдорп ќе издвои 14 милиони евра, плус бонуси.

За тимот од Рим
ова е второ засилување во дефанзивната линија ова лето кое доаѓа од Холандија, откако
претходно го договори мексиканскиот интернационалец Хектор Морено од ПСВ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани