Арсенал одби да го продаде Леандро Тросар на Ал Итихад, но клубот од Саудиска Арабија веднаш се договори со Порто и Ајакс за Галено и Стивен Бергвајн.
Клубовите од Саудиска Арабија забрзано работат да купат што е можно повеќе играчи во завршницата од преодниот рок, Ал Итихад е еден од поактивните на трансфер пазарот.
Клубот од Џеда имаше обид со 35 милиони евра да го ангажира Леандро Тросар од Арсенал, но „топчиите“ одбија да го продадат напаѓачот, кој е важен дел од ротацијата на Микел Артета.
Ал Итихад потоа се насочи кон други цели, и веднаш се договори со Порто и Ајакс за Галено и Стивен Бергвајн.
Ќе биде ангажиран само еден од нив, и до крајот на денот ќе падне одлука за тоа кој играч ќе се пресели во Саудиска Арабија.
За услугите на Галено, Ал Итихад е подготвен да плати високи 50 милиони евра, во моментов нема детали за висината на трансферот на Бергвајн.