Гигс открива зошто сакал да си замине од Манчестер јунајтед по отказот на Ван Гал

by
3 минути читање

Рајан Гигс,
Велшанецот кој остави длабога трага во историјата на Манчестер јунајтед, за
англиските медиуми открива како влијаел отказот на Луис Ван Гал на него.

Отказот на
холандскиот стратег му ги уништил тригодишните планови на Гигс во Манчестер
јунајтед.

Познато е дека со
пристигнувањето на Жозе Мурињо на клупата на премиерлигашот немаше место за
Гигс во тимот.

Немав никаква
понуда од Жозе Мурињо, моја беше одлуката да си заминам. Сработив две години но
сакав да бидат три под кормилото на Ван Гал. Тоа не се случи, мојот план беше
таков, да сработам три години па да видевме што ќе се случеше. Како и да е,
сето тоа беше премногу кратко, но тоа е фудбалот
“ вели Гигс.

Среќен сум во
моментов, секогаш сум зборувал дека сакам да бидам тренер но не по секоја цена,
не сум очаен. Се уште дел од своето време во голема мера го одвојувам гледајќи
фудбал и се уште сум инволвиран во овој спорт, но сакам и други работи во
животот…
“ додава Велшанецот.


Гигс помаѓа во
центар за бездомници во Манчестер

Велшанецот вели
дека во моментов има доволно слободен простор за да одвои време и за својот
син.

Сега сум
послободен нормално, можам да го гледам мојот син на фудбалски натпревар,
претходно немав толку време за да го правам тоа, ова е еден прекрасен баланс
кој го имам во животот
“ додава Гигс.

Рајан Гигс беше
промовиран во тренер-играч на Манчестер јунајтед во 2013. година, како дел од
стручниот штаб на Дејвид Мојс. Кога Мојс доби отказ од клубот, Велшанецот за
кратко стана играч-менаџер, нанижа две победи во низа, едно реми и еден пораз
во последните четири натпревари во сезоната 2013/14.

По еден период
Гигс во изјава за англиските медиуми откри дека тешко му паѓа притисокот кој го
доживува на себе како тренер на Манчестер јунајтед, па со доаѓањето на Луис Ван
Гал на клупатата, тој беше поставен за асистент менаџер.

По доаѓањето на
португалскиот стратег Жозе Мурињо на клупата на тимот од „Олд Трафорд“ Гигс заминува од Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани