90
Тренерот на Милан, Винченцо Монтела се надева дека младиот голман на крајот ќе ја донесе вистинската одлука и ќе го продолжи договорот со клубот.
„Имам добар однос со неговите родители. Тие се едноставни луѓе кои ги имаат сите оние животни вредности“ – вели Монтела.
„Ме викнаа на кафе и со задоволство прифатив. Што се однесува до иднината на Донарума, мислам дека таа не зависи ниту од Милан, ниту од мене. Младиот играч ги разгледува работите заедно со луѓето кои му се блиски и има право на такво нешто“.
„Тој заслужува да го чекаме и се надевам дека ќе го одбере Милан. Ние ќе го чекаме, голманот е важен дел од секој тим“.