Мохамед Салах веднаш по големата победа на Ливерпул над Манчестер Јунајтед (0-3) во која имаше гол и две асистенции, најави заминување од клубот.
Египетскиот напаѓач влезе во последната година од договорот, а според неговите зборови тој сè уште нема понуда за продолжување на соработката. Салах веќе си ја планира иднината надвор од Ливерпул.
„Минав убаво лето, успеав да размислам добро. Ова ми е последна година во клубот и сакам да уживам. Чувствувам дека сум слободен да играм фудбал – ќе видиме што ќе биде следната година. Да бидам фер, ова можеби ми беше последен меч на „Олд Трафорд“. Никој од клубот уште не зборувал со мене за договор, па велам дека ова е моја последна сезонa. Нов договор? Не зависи од мене, никој од клубот не зборувал со мене“, изјави Салах.
Мохамед Салах е член на Ливерпул од 2017 година и со клубот освои неколку трофеи меѓу кои Премиер лигата и Лигата на шампионите.