По извлекувањето на паровите за Лигата на шампионите, која од оваа сезона ќе се игра во револуционерен формат, со лигашки и плеј-оф дел, веднаш статистичарите ги одредија шансите на клубовите.
Манчестер Сити на Пеп Гвардиола по 10.000 симулации е убедливо на врвот. Дури 98% од случаите Сити бил меѓу најдобрите 24 екипи во елитното натпреварување, а во 71% меѓу најдобрите осум. На второто место е Баерн Минхен, па следат Интер, Реал Мадрид, Арсенал, Борусија Дортмунд, Барселона, Баер Леверкузен.
Надвор од осумката која потенцијално би играла директно осминафинале следат: Аталанта, Милан, Штутгарт, Атлетико Мадрид, Ливерпул, Лајпциг, ПСЖ, ПСВ, Жирона, Јувентус, Астон Вила, Спортинг, Монако, Болоња, Бенфика, Лил на местата од 9. до 24.
Најмали шанси за нокаут фудбал има Слован Братислава, а до него е Црвена Звезда. Ниско котира и Динамо Загреб, додека во близина им се Шахтјор, Јанг Бојс, Штурм, Спарта Прага…