Ханси Флик за брзо време ги освои симпатиите на навивачите на Барселона откако нареди 4 победи на стартот од новата сезона, тренерот дополнително воодушеви со еден гест по вчерашниот убедлив триумф од 7-0 над Ваљадолид.
Барселона и оваа сезона се соочува со многу проблеми на финансиски план, но Ханси Флик се погрежи тоа на момент да биде заборавено.
Германецот одлично ги склопи коцките, па „каталонците“ врзаа 4 победи на стартот од новата сезона во Ла Лига.
Особено импресивно беше синоќешното издание против Ваљадолид, натпревар на кој беше забележана победа од високи 7-0.
Па тренерот за брзо време ги освои симпатиите на навивачите и дополнително воодушеви со еден гест по вчерашниот натпревар.
По последниот свиреж на судијата, Ханси Флик му пријде на Ектор Форт и почна да му објаснува некои работи.
Младото момче е единствениот играч кој нема одиграно ниту една минута, па се претпоставува дека Ханси Флик му се извинил што не му дал шанса, и го осигурал дека треба да биде трпелив, дека ќе дојде неговото време.
Hansi Flick apologised to Fort for not giving him a minute today! Flick promises to make it up to him and will surely turn him into a monster too… but for now,
— 𝗖𝘂𝗹𝗲𝗿𝘀𝗴𝗿𝗮𝘀𝘀𝗿𝗼𝗼𝘁 (@culersgrasroot_) September 1, 2024
Patience❤️
pic.twitter.com/s29LbOHo1y