Дел Пјеро со совет до Роналдо: Има еден клуб во кој вратите се секогаш отворени за тебе

by
2 минути читање

И натаму најавите
дека Кристиано Роналдо ќе го напушти Реал Мадрид летово се во фокусот на вниманието на фудбалска Европа, па се побројни се шпекулациите во однос на неговата иднина.

Речиси јасни се причините поради кои Португалецот наводно сака да си замине од европскиот шампион, воедно Мадрид, па за него стигна совет од Алесандро Дел Пјеро, кој му
го препорача Јувентус, овосезонскиот вицепрвак на Европа кој во финалето од
Лигата на шампионите во Кардиф претрпе пораз од 4-1 од Реал Мадрид.

Кристиано
Роналдо ќе го напушти Реал Мадрид? Јувентус секогаш има место во својот тим за
него, вратите од клубот се отворени за Португалецот
“ истакна легендата на тимот
од Торино, Алесандро Дел Пјеро.

Пред извесен
период
медиумите во Шпанија пишуваа за тоа кои се плановите на Реал Мадрид, воедно и Кристиано Роналдо за тоа како да дојде до договор помеѓу обете страни.

Се чека Роналдо да заврши со репрезентативните обврски, каде Португалија настапуа на Купот на
Конфедереции што се одржува во Русија.

Неофицијалните
информации кои пристигнуваат велат дека Португалецот најблиску е до трансфер во
Париз Сент Жермен, но сепак ова се сведува само на шпекулации за иднината на
Роналдо, барем засега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани