Алегри го испофали Бонучи, дали со ова му испрати порака на Челси?

by
1 минути читање

Познато е дека
англискиот шампион Челзи е сериозен во намерата да дојде до потписот на двоецот
од дефанзивната линија на Јувентус, Алекс Сандро и Леонардо Бонучи, наводно
тимот од Лондон има намера да издвои фантастични 100 милиони евра за реализација
на трансферите на овие фудбалери.

Се поизвесно е
дека Сандро ќе стане член на Челси во следниот период, дека е на повидок
трансфер стигна и една навидум потврда за овие најави, откако дел од
италијанските медиуми пренесоа дека 
наводно неговото семејство не се адаптирало на
животот во Торино.

Можеби Сандро
тропа на вратите на Челси, но, од друга страна, стратегот од клупата на
европскиот вицепрвак, Масимилијано Алегри во изјава за италијанските медиуми
истакна дека Леонардо Бонучи е мошне значаен за неговиот тим, па се чини дека на
некој начин му испрати порака на премиерлигашот кој нема намера да се штеди во
намерите за да го реализира трансферот на двоецот од Јувентус.

Тој е еден од
клучните играчи на нашиот тим, Бонучи ќе биде лидер во соблекувалната, тоа е
фудбалер кој секој би посакал да го има во својот тим
“ издвои Алегри говорејќи
на тема финалето во Лигата на шампионите, каде Јувентус загуби од Реал Мадрид
со 4-1 во Кардиф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани