Тотенхем до Јунајтед: Хари Кејн вреди двојно повеќе од Погба

by
1 минути читање

Жозе Мурињо посакува да го ангажира Хари Кејн кој беше најдобар стрелец во Премиерлигата изминатата сезона и покрај тоа што пропушти повеќе натпревари поради повреда.

Но, сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви нема намера лесно да се откаже од својот напаѓач, напротив сака да го задржи.

Според дел од англиските медиуми, Тотенхем му препорачал на Манчестер јунајтед дека за да го добие Кејн ќе треба да плати двојно повеќе отколку што ги чинел Погба кој се уште е рекорден трансфер во светот.

„Тотенхем нема намера да го продаде Хари Кејн. Се верува дека Жозе Мурињо веќе некое време посакува да го донесе напаѓачот во Манчестер јунајтед. Даниел Леви има репутација на тврд преговарач, еден од најтврдите во фудбалот, и изворите велат дека тој не бара само да биде срушен светскиот рекорд од 100 милиони фунти, туку бара двојно повеќе 200 милиони фунти“ – стои во веста на „Индепендент“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани