157
Французинот Рафаел Варан пристигна како големо засилување во редовите на Комо, но многу брзо би можел да го напушти калчолигашот.
Во својот прв настап за Комо на 11 август, Варан се повреди и според последните информации станува збор за повреда поради која ќе биде долго време надвор од терените.
Токму затоа Комо не го пријавил за настап во новата сезона од најсилното италијанско првенство.
Медиумите во Италија пренесуваат и дека поради тоа може да дојде до разделба и раскин на договорот само неколку недели откако пристигна.