Откако Џиџо Донарума одби да ја продолжи верноста, Милан прави
напори да го предомисли својот суперталентиран голман да стави потпис на нов
договор.
Вчера се појавија
гласини кои ги подгреаа ваквите надежи, беше објавено дека Џиџо Донарума
размислува да се раздели со Мино Рајола поради несогласување на контроверзниот
агент со семејството на играчот.
Наводно
родителите на голманот сакаат тој да ја продолжи верноста со „Росонерите“, додека
пак агентот притиска за трансфер во Реал Мадрид.
Еден ваков потег
сигурно ќе значеше дека голманот останува на Сан Сиро, но самиот Џиџо Донарума
со порака на социјалните мрежи го отфрли ова.
„Донарума#,
Рајола# Вчера, Денес и Утре!!” – напиша на Твитер голманот, и
многумина ова го протолкуваа како негово збогување со Милан.