Челси се исплашил од истрага на Премиерлигата, па во последен миг се откажа од сомнителен трансфер

by bojan
2 минути читање
Вашингтон

Во последниот ден од преодниот рок, Челси имаше договор со Страсбур за продажба на Дејвид Вашингтон во зделка вредна околу 24 милиони евра, но „сините“ се исплашиле од истрага на Премиерлигата и во последен миг се откажеле од трансферот.

„Сините“ користата многу дупки во правилата за да ги балансираат сметките и да ги оправдаат големите инвестиции на газдата Тод Боли на трансфер пазарот без притоа да бидат казнети.

Одредени зделки се прилично сомнителни, а таква беше и онаа со која Дејвид Вашингтон требаше да се пресели во Страсбур за 21+3 милиони евра.

Сепак, Челси се исплашил од истрага на Премиерлигата, па во последен миг се откажа од овој трансфер.

Спорно е тоа што Челси и Страсбур имаат ист сопственик, конзорциумот предводен од Тод Боли.

Втора е сумата на трансферот, Дејвид Вашингтон минатото лето се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за 16 милиони евра и не покажа ништо, а сега ќе требаше да донесе убав ќар, односно Страсбур да одвои за себе рекордна сума за играч кој одигра само 25 минути во првиот тим на Челси.

Трет сомнителен момент е и тоа што Страсбур не се обидуваше да купи нов напаѓач во последниот ден од преодниот рок, уште помалку токму Дејвид Вашингтон, и добро упатените во ситуацијата велат дека всушност Челси е тој што цело време инсистирал на зделката.

Кога почнаа да кружат гласините за една ваква зделка, Премиерлигата веднаш ги вклучила алармите и почнала да се распрашува што точно се случува, па Челси се исплашил од официјална истрага и потенцијална казна, па на крајот реши дека е побезбедно да се откаже од трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани